ПРЕТСТОЈНАТА ЗИМА СО ПОВЕЌЕ СНЕГ – МОЖНО Е ТЕМПЕРАТУРИТЕ ДА СЕ СПУШТАТ И ПОД -20°C

објавено на:

30 Сеп 2020

од:

сподели:

Според првичните и моментални анализи со кој ние располагаме, секако и со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот, претстојната зима во Македонија би била просечна гледано по температурите на воздухот, односно не се очекува некое големо позитивно отстапување на температурите на воздухот.

Во поглед на врнежите, истите би биле нешто над просекот, односно се очекуваат повеќе врнежи.

Со повременото спуштање на поларните воздушни маси од Арктикот кон нашите краишта и со судирот на потоплиот морски воздух, над Медитеранот би се формирање циклонски системи кој би условувале врнежи од снег кај нас и вистинска снежна идила. Повремено можно е спуштање и на екстремно студени воздушни маси кој би условувале температури и под -20 степени.

Мора да се напомене дека сезонските прогнози не се 100% точни и дека промени во истите се можни, сезонските прогнози служат како резерва. Сепак подобро е да се користат оние пократкорочни прогнози кој се далеку попразизни.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 

 

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.