Ни следуваат прекрасни денови! – Исклучок ќе биде утрешното попладне кога се очекува дестабилизација на Атмосферата!

објавено на:

16 Јун 2022

од:

сподели:

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со слаб  до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 29 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните часови ќе има развој на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.