МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ЦИКЛОН ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА – ВИКЕНДОВ И ВО ПОНЕДЕЛНИК ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ

објавено на:

18 Мар 2021

од:

сподели:

Под влијание на циклонска активност и на изразен влажен воздушен бран од Медитеранот, за време на викендот како и на почетокот од следната недела времето кај нас ќе биде облачно со врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално ќе наврнат над 35 л/м2 воден талог.

На планините ќе има ИНТЕНЗИВНИ врнежи од снег каде понекаде снежната покривка ќе се зголеми за над 20 до 30 сантиметри. Повремено услови за врнежи од снег ќе има и на повисоките места, додека снежната граница за време на овој влажен бран можно е да се спушти на надморска височина од под 1000 метри, така што освен на повисоките места услови за врнежи од дожд и од снег повремено ќе има и на некои пониски места, особено во западните и северните предели.

Ќе дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец кој во недела навечер и во текот на ноќта кон понеделник ќе го промени правецот во северен.

Температурите на воздухот и тоа минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Да напоменеме дека врнежите од овој влажен бран ќе започнат во сабота, особено од попладневните часови па натака.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.