ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ – НАЈПРВИН ПРИЈАТНО ТОПЛО, ПОТОА МОЖНОСТ ЗА ПРВИОТ СНЕГ И ВО МАКЕДОНИЈА!

објавено на:

05 Окт 2022

од:

сподели:

Септември не беше на наша страна и имавме постудено време отколку што очекувавме. Топлото време ни доаѓа во месец октомври, кога температурите и врнежите ќе бидат исти како и во повеќегодишните прогнози. Познато е и кога може да го очекуваме првиот снег во Македонија.

Најпознатиот Македонски метеоролог Славчо Попоски за Плусинфо открива дека овој  месец ќе имаме нормални температури и нормално количество врнежи.

– Како што повеќе и повеќе ќе навлегуваме во есента, кон крајот во октомври месец ќе се зголемат условите за уште поголемо заладување на времето, но и за првиот снег во Македонија, но само на планините. Секако, ќе има и периоди со повеќе врнежи, но и со убави денови – вели најпознатиот метеоролог.

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.