ДЕНЕС ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, НА ПЛАНИНИТЕ СНЕГ – УТРЕ КРАТКОТРАЕН ПРЕСТАНОК НА ВРНЕЖИТЕ

објавено на:

07 Дек 2020

од:

сподели:

Во текот на денешниот ден под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран од Медитеранот времето во државава ќе биде облачно со врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец кој понекаде повремено ќе засилува, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кој повремено ќе бидат поинтензивни. Максималната дневна температура денес во Скопје се очекува да се искачи до околу 10 степени.

Потоа утре ќе има краткотраен престанок на врнежите, нови поинтензивни врнежи од дожд и снег на планините ќе има во среда кога ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.