ВРЕМЕНСКА НАЈАВА: ВЕЧЕРВА И УТРЕ ПРЕТПЛАДНЕ ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ОПАЃААТ

објавено на:

07 Окт 2020

од:

сподели:

Денес во вечерните и во ноќните часови, како и утре особено претпладне времето во Македонија ќе биде претежно облачно, на повеќе места со повремени врнежи од дожд. Не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи. Локално врнежите ќе бидат нешто поинтензивни а ќе дува и умерен ветер од југозападен правец, кој повремено на некои места ќе засилува.

Во текот на ноќта и утре ќе дува засилен ветер од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието и истиот ќе услови температурите значително да опаднат, со што максималните дневни температури на воздухот во текот на утрешниот ден ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.

Не се исклчучува можноста на највисоките планински места да провее и малку снег, и тоа поради продорот на значително постудениот воздух од север кој ќе продре уште оваа ноќ во нашата држава.

Стабилизирање на времето ќе имаме од утре попладне и навечер, па така во следните неколку денови ќе имаме претежно стабилно и суво време со постудени утра а максималните дневни температури ќе бележат тенденција на незначителен пораст.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.