ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО – МАКСИМАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СЕ ИСКАЧАТ И НАД 15 °C!

објавено на:

09 Фев 2022

од:

сподели:

До крајот на денов, локалната зголемена облачност која ја имаме низ државава ќе се намалува.

Инаку, како што најавивме, во следните неколку денови ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Нешто повеќе облачност ќе има за време на викендот кога ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините.

Температурите пак во следните неколку денови ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Во Скопскиот регион во следните неколку денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека нешто повеќе облачност ќе има за време на викендот. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 12 степени, и истите ќе бидат натпросечно високи.

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.