ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОБЛАЧНОСТА И УСЛОВИ ЗА ВРНЕЖИ ВО НЕДЕЛА – ДЕТАЛИ

објавено на:

23 Окт 2020

од:

сподели:

До крајот на денов во државава времето ќе се задржи сончево и релативно топло со мала локална облачност.  Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени во најтоплите предели од државава.

Веќе во текот на утрешниот ден облачноста ќе се зголемува, додека во недела ќе има повремени локални врнежи од дожд.  Локално ќе има услови за нестабилност проследена со појава на грмежи.

Максималните дневни температури на воздухот, во недела ќе бележат тенденција на незначителен пад и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

На самиот почеток од следната недела, односно во понеделник повторно ќе имаме релативно стабилно време и без врнежи.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.