ВИКЕНДОВ И ВО ПОНЕДЕЛНИК КОЈ САКА НА ПЛАЖА – ТЕМПЕРАТУРИТЕ СКОКААТ И ДО 33°C – 34°C

објавено на:

02 Окт 2020

од:

сподели:

За време на викендов, како и во понеделник кој сака слободно времето може да го искористи за плажирање. Ќе имаме сончево време со умерена локална, повремено и позначителна облачност а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец кој ќе услови како што и претходно кажавме голем пораст на температурите на воздухот.

Утре максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени, во недела од 25 до 32 степени, и во понеделник од 27 до 33, 34 степени.

Да напоменеме дека овие температури се повисоки од нормалните дури за околу 8 до 10 степени. Покрај топлото време, во атмосферата ќе биде присутна и пустинска прашина и песок

Во Скопје, за време на максимумот на овој топлотен бран, температурата се очекува да се искачи до околу 30 степени.

Промена на времето не очекувана почетокот од следната недела, но детална анализа околу ова следува понатаму.

За нови, подетални и по потреба обновени метео инфромации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.