🌧️ ПРОМЕНЛИВО СО ВРНЕЖИ И ПОЈАВА НА САХАРСКА ПРАШИНА
Во текот на утрешниот ден Македонија ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, што ќе донесе зголемена облачност и повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат почести во утринските и претпладневните часови, додека во попладневните часови постепено ќе ослабуваат.
🌡️ Минималните температури ќе се движат од 3°C до 8°C
🌡️ Максималните дневни температури ќе достигнат од 12°C до 17°C
🌬️ Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец
⚠️ САХАРСКА ПРАШИНА ВО АТМОСФЕРАТА
Поради јужно струење во повисоките слоеви од атмосферата, се очекува транспорт на сахарска прашина од северна Африка кон Балканот. Тоа ќе придонесе за заматено небо и намалена видливост на хоризонтот.
Во комбинација со врнежите, можна е појава на т.н. „валкан дожд“, односно дожд со ситни честички прашина кој може да остави траги на возилата и површините.
Од петок следува стабилизирање на времето, со повеќе сончеви периоди и постепено намалување на концентрацијата на прашина во воздухот.
🌧️ ВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ
Во Скопје утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови. Попладне врнежите ќе престануваат и ќе има постепено разведрување.
Поради присуството на сахарска прашина во атмосферата, можно е небото да има жолтеникава нијанса, а врнежите да остават траги од прашина.
Во петок и за време на викендот следува стабилно, претежно сончево и потопло време, со температури до 17°C.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by