🌤️ МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следува потопол период – пролетни температури на повидок!
Во текот на следната недела времето во Македонија ќе биде во постепено затоплување, со сè повеќе сончеви периоди и температури кои ќе достигнуваат вистински пролетни вредности.
• Од понеделник започнува стабилизирање на времето
• Температурите ќе се движат од околу 10°C до 15°C во повеќето места
• Утрите ќе останат свежи со локална магла по котлините
• Ветерот слаб до умерен, претежно од јужен правец
• Врнежи ќе има краткотрајно само во првите денови
ЗА СКОПЈЕ:
• Од вторник следува претежно стабилно и потопло време
• Дневните температури постепено ќе растат и ќе достигнат 13°C до 15°C
• Утрото можно е појава на магла и ниска облачност
• Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност
• Ветер слаб, без значителни временски непогоди
➡️ Ова затоплување ќе донесе чувство на рана пролет, но ноќите и утрата ќе останат релативно студени.
Следете нè за нови ажурирања и детални прогнози.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by