❄️ Метео анализа: Последната недела во знак на вистинска зима
Последната недела беше одбележана со изразено зимско време и чести промени на временските услови во поголем дел од регионот. Доминираа ниски температури, со студени утра и појава на мраз, додека дневните температури остануваа под или околу сезонскиот просек. Во повеќе наврати имаше врнежи од снег, особено во внатрешноста и на повисоките места, каде локално се задржа и снежна покривка. Во пониските предели врнежите повремено преминуваа во дожд или лапавица, во зависност од температурите.
Според моменталните атмосферски поставености, кон крајот на јануари, околу 30-ти, постојат услови за задржување и продлабочување на студен воздушен базен над југоисточна и источна Европа, кој ќе има директно влијание и врз Балканот.
Студениот воздух ќе овозможи врнежите главно да бидат од снег, не само на планините, туку и во пониските и рамничарските предели. Во ваква ситуација, снежна покривка е можна во повеќето места, со локални разлики во интензитетот и количините.
👉 Сепак, станува збор за подолгорочна најава, па деталите околу интензитетот, распределбата на врнежите и количествата на снег можат да претрпат промени во наредните денови. Затоа се препорачува редовно следење на најновите прогнози.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by