⛅️ ПРОМЕНЛИВО ЛЕТНО ВРЕМЕ СО ЛОКАЛНИ НЕВРЕМИЊА
Во следните денови продолжува периодот на топло и променливо време со сончеви периоди и постепен пораст на температурите. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност проследена со краткотраен дожд, грмежи и засилен ветер. ⛈️
Најголема можност за нестабилно време ќе има за време на викендот и почетокот на новата седмица, кога локално се можни поројни врнежи и краткотрајно невреме. И покрај тоа, времето ќе остане релативно топло и спарно.
Од средината на следната седмица повторно се очекува стабилизирање на времето со повеќе сончеви периоди и температури кои на места ќе достигнуваат и до 30°C. ☀️🌡️
📍 Во Скопје:
Се очекува топло време со сончеви периоди, но во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и грмежи. Температурите ќе бидат во пораст и ќе се движат до околу 30°C.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]


by