ЏЕНОВСКИОТ ЦИКЛОН ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА НИ НОСИ НОВИ ВРНЕЖИ! ПОГЛЕДНЕТЕ КОГА ЌЕ ИМА ПРЕОДНО СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО…

Поради влијанието на циклонската активност од запад, поточно над Џеновскиот залив, времето во Македонија до крајот на оваа недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, повремено и со умерен интензитет. На планините и тоа особено утре со надморска височина од над 1300 метри ќе врне снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Преодно стабилизирање на времето ќе има на самиот почеток од следната седмица.

Температурите и во следните денови ќе бидат без поголеми промени.

Во Скопје и околината и понатаму ќе има појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат без поголеми промени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!