ЏЕНОВСКИОТ ЦИКЛОН ЌЕ НИ ПРАВИ ПРОБЛЕМИ – СЕ ОЧЕКУВА УШТЕ ПОВЕЌЕ ДОЖД, СНЕГ И ЗНАЧИТЕЛНА СНЕЖНА ПОКРИВКА КАКО И СИЛЕН ВЕТЕР!

Под влијание на изразена циклонска активност со центар над Џеновскиот залив, до самиот крај на оваа, како и во првите денови од следната недела во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и ОБИЛНИ и проследени со појава на грмежи.

Ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец (над 80 км/час). Можна е и појава на локално НЕВРЕМЕ, па затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Поради заладувањето на времето, од утре па за време на викендот на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, особено во западните предели и на планините се очекува формирање на позначителна снежна покривка (над 40 цм). Појава на мокар снег ќе има понекаде и во градовите од западниот дел со што очекуваме и таму формирање на помала снежна покривка.

Температурите значително ќе се намалат и ќе бидат околу просекот за овој дел од годината.

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ОБИЛНИТЕ врнежи од дожд и снег кој се очекуваат во периодот кој што е пред нас, можна е појава на локални ПОПЛАВУВАЊА и зголемување на нивоата на реките и на езерата. Можно е и нивно локално излевање.