ЏЕНОВСКИ ЦИКЛОН ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛАТА ОВАА НЕДЕЛА СО СЕБЕ НИ НОСИ МНОГУ ДОЖД И СИЛЕН ВЕТЕР ОД НАД 80 КМ/ЧАС – ЗА ВИКЕНДОТ МНОГУ ПОСТУДЕНО И СНЕЖНО ВРЕМЕ!
Под влијание на ИЗРАЗЕНА ЦИКЛОНСКА активност со центар над Џеновскиот залив и на серија на влажни воздушни бранови, до самиот крај на оваа седмица времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално и повремено врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и ОБИЛНИ (над 70 л/м2), со што е можна појава на локални ПОПЛАВУВАЊА.
Особено во четврток локално ќе биде нестабило со интензивен пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер. Локално овие процеси би можело да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ.
Ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец (над 80 км/час). На високите планини и тоа особено на северозапад ќе има врнежи од снег и ќе се формира ПОЗНАЧИТЕЛНА снежна покривка.
Температурите овие денови насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат до околу 20 степени.
Поради силниот ветер кој се очекува препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза

by