ЌЕ ИМАМЕ МНОГУ ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ КОЈ ДОАЃА!

објавено на:

14 Јул 2022

од:

сподели:

Полека од утре, па за време на викендот температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка. Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Исклучок ќе биде само недела, кога во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени, а Ув – индексот ќе има МНОГУ ВИСОКА, до ЕКСТРЕМНА вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 9 и 10.

Во Скопје и околината во следниот период времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека во недела има помали услови за попладневна и локална краткотрајна нестабилност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 36 степени.

Барем според моменталните анализи, уште поизразен топлотен бран и ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури од над 40 степени ќе имаме после 20 јули.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki







Занимливости

  • 19 Јул 2024

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие, што се во општините: - Општина Чашка с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација) -Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума) -Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација) - Општина Студеничани место викано [...]