ЦИКЛОН СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН МАКЕДОНИЈА – ЌЕ ДОНЕСЕ ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ, ДЕТАЛИ
Денес времето во државава ќе биде сончево со умерена локална облачност. Претпладне по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност а во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.
Во Скопје во претпладневните часови ќе се задржи магливо, додека во текот на денот маглата ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец додека максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 9 степени.
Потоа утре претпладне ќе се задржи стабилно и суво додека во попладневните и во вечерните часови особено во западните и во северните предели ќе има повремени слаби врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 8 до 16 степени. Врнежите ќе се интензивираат во сабота навечер и во текот на ноќта кон недела како и во недела кога ќе се прошират насекаде и истите на планините ќе бидат од снег. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]