ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА Е РЕГИСТИРАНО ПОГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО НА ВОДЕН ТАЛОГ – ДЕТАЛИ

објавено на:

01 Фев 2021

од:

сподели:

Под влијание на циклонска активност, и на влажен воздушен бран во текот на изминатите 24 часа во најголем дел од Македонија имаше врнежи од дожд, додека на повисоките планини врнежите беа претежно од снег каде снежната покривка и натаму се зголемуваше.

Дуваше и умерен, повремено и тоа особено Долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец чија брзина повремено достигнуваше над 70 км/час.

Поинтензивни врнежи имаше во западните и локално во југозападните предели, па така до утринава најмногу дожд има наврнато во Пожаране, и тоа 22 литри, потоа во Маврово наврнаа 21 литар,  Битола и Претор 20 литри, Охрид 19 литри, Тетово 16 литри, Виница 13 литри, Гевгелија и Крива Паланка 11 литри, и Прилеп 10 литри.

Како што веќе најавивме, целосно стабилизирање на времето и пролетни температури ќе имаме од среда па натаму.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука







Занимливости