Денес кон крајот на денот најпрвин во западните и северозападните, а во текот на ноќта и утре и во останатите предели од Македонија ќе има врнежи од дожд.
Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Не се исклучува можноста на некои места да има и развој на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Поради спуштање на нешто постуден воздух од север на планините врнежите ќе бидат од снег, особено во западните и во северозападните предели каде ќе дојде до формирање на нова снежна покривка.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека денес попладне и навечер особено на север ветерот ќе биде од северен правец. Утре локално и повремено ветерот ќе биде и СИЛЕН (над 80 км/час). Макеидмалните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука