ЦИКЛОНСКА АКТИВНОСТ НАД МАКЕДОНИЈА: ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ И ПОПЛАВУВАЊА ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД!

објавено на:

08 Јун 2022

од:

сподели:

Вечерва и понатаму ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град и тоа особено во североисточните и во источните предели..

Потоа под влијание на циклонска активност и на влажна и нестабилна воздушна маса, до самиот крај од оваа недела на повеќе места низ Македонија времето ќе се задржи нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време позначително количество на воден талог кое може да услови локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие до петок ќе бележат тенденција на пад, и најсвежо ќе биде токму во петок кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Од сабота пак температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе се задржи многу нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ. Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 26 и 27 степени, а најсвежо ќе биде во петок кога максималната температура ќе се искачи до само 19 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека и во следниот период очекуваме МНОГУ НЕСТАБИЛНО време во Македонија, во случај на појава на електрични празења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на електрични празења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел истите да ги заштитат. Граѓаните кои возат автомобили, истите во случај на силен ветер да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета. Исто така поради доста интензивните врнежи во следниот период, можни се локални поројни поплавувања, па затоа граѓаните да внимаваат токму и на ова.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki







Занимливости