ЦИКЛОНОТ СЕ ПОВЛИСКУ ДО НАС – ВРНЕЖИТЕ ДОАЃААТ! ДЕТАЛИ

Времето денес во државава ќе биде променливо облачно со појава на магла по котлините и тоа во претпладневните часови. Во попладневните и во вечерните часови во западните предели ќе има услови за повремени слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со појава на магла во претпладневните часови. Во вечерните часови ќе има услови за повремен локален слаб дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 9 степени.

Потоа за време на викендот под влијание на циклонска активност времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Утре повеќе врнежи ќе има во западните предели, додека во недела истите ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег каде ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.

Променливото време кај нас со повремени локални врнежи од дожд ќе се задржи и на почетокот од следната недела, кога ветерот од јужен и од југозападен правец повремено ќе биде и СИЛЕН со брзина од над 80 км/час.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука