Територијата на Македонија изминатиот период се наоѓа под влијание на циклонска активност и на изразени влажни воздушни бранови кој условуваат ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, сепак најинтензивни врнежи од дожд има во западните предели каде дневното количество на воден талог локално измесува и над 20 л/м2. На повисоките планини, особено во северозападниот дел од државава и најмногу во Шар Планинскиот предел врнежите се претежно од снег и локално на оваа планина снежната покривка веќе изнесува и преку 50 сантиметри, и тоа на Попова Шапка.
Понатаму, поради новите интензивни врнежи кој се очекуваат во Македонија, се очекува зголемување на нивоата на реките и на езерата, и тоа особено во западните и во југозападните предели каде локално повторно се очекува да наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 50 – 60 л/м2).
На возачите им препорачуваме КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО да возат, и тоа особено доколку минуваат во близина на оние помали реки, кој се наоѓаат во близина на патиштата.
Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 во текот на денешниот ден, и од 6 до 14 степени во следните неколку денови.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука