Фронтален систем ќе услови НЕВРЕМЕ во Македонија

објавено на:

17 Јул 2020

од:

сподели:

До крајот на денов локално ќе има појава на краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. Во текот на ноќта локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Во текот на утрешниот ден нашата територија ќе се наоѓа под влијание на фронтален систем кој се спушта од север, и под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималните дневни температури на воздухот, особено на север ќе бележат тенденција на позначително опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Локално поинтензивните атмосферски процеси можно е да условат и локални поплавувања. Локална нестабилност, особено во попладневните часови ќе има и во недела, додека од понеделник следува значително постабилно и посончево време а поради продор на значително потопол воздух од југ, и температурите на воздухот ќе бележат тенденција на позначителен пораст.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]