УТРЕ НАЈТОПЛИОТ ДЕН ДОСЕГА ОВАА ГОДИНА – ПОТОА ГОЛЕМА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА АТМОСФЕРАТА!
Вечерва и утре ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Утре ќе биде НАЈТОПЛО досега оваа година и во најтоплите предели температурите се очекува да се искачат до близу 40 степени.
Потоа под влијание на циклонска активност од запад и југозапад, во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде ОСОБЕНО НЕСТАБИЛНО на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално прецисите ќе бидат ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време поголемо количество на воден талог кое би можело да услови локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде од поголем прачник. Температурите ќе бележат тенденција на постепено опаѓање.
И во Скопскиот регион во следните денови ќе растат условите за пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град, додека температурите ќе бележат тенденција на постепено опаѓање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека во следниот период повторно очекуваме циклон над Македонија и многу нестабилно време, во случај на појава на електрични празења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на електрични празења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел истите да ги заштитат. Граѓаните кои возат автомобили, истите во случај на силен ветер да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа во Македонија имавме многу нестабилна Атмосфера, и тоа поради притката фронтална долина која е распространета во југоисточна Европа, секако и во нашата Република Македонија. На повеќе места се забележаа поројни врнежи од дожд, грмежи како и засилен ветер. Процесите локално беа и поинтензивни во форма на невреме. На табелата можете да ги видете денешните измерени [...]