УЖИВАЈТЕ УШТЕ МАЛКУ ВО ПРОЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ – ВО ВТОРНИК СЕ ВРАЌА ЗИМАТА!

До крајот на денов времето ќе се задржи претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието и во источните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Утре времето во Македонија ќе се задржи претежно сончево, додека од недела па натаму ќе има повторно зголемување на облачноста и ќе има појава на повремен локален дожд.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури и малку над 20 степени.

Заладување на времето ќе има од вторник, кога врнежи од дожд ќе има речиси насекаде и истите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на повисоките места и на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Сево ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец, а услови за врнежи од снег во вторник ќе има и на некои места со помала надморска височина.

И во Скопскиот регион времето утре ќе се задржи претежно сончево, додека од недела па натаму ќе има повторно зголемување на облачност, и ќе има услови за повремен локален дожд. Поголеми услови за врнежи ќе има во вторник кога ќе има и заладување на времето, проследено со засилен ветер од северен правец. Максималните температури во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 17 степени.
  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki