УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ВРЕМЕ: ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОПЛАДНЕ НОВА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – ДЕТАЛИ
До понеделник времето во нашата држава ќе биде стабилно, суво и потопло преку ден, односно не очекува сончево време, повремено со умерена локална облачност. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.
Во Скопје максималната дневна температура за викендов се очекува да се искачи до околу 22, 23 степени.
Веќе во понеделник попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник нашата територија ќе биде зафатена од циклонска активност, и од влажен воздушен бран кој ќе услови нови врнежи од дожд кој локално ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и проследени со појава на грмежи, ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец а температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на опаѓање.
Нова и обновена анализа околу најавената голема промена на времето следува понатаму. Следете не!
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]