УЖИВАЈТЕ ВО ДЕНЕШНИОТ СТАБИЛЕН ДЕН – ОД УТРЕ НОВА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – ДЕТАЛИ
Уживајте во текот на денешниот ден поради тоа што не очекува едно краткотрајно стабилизирање на времето, веќе од утре особено попладне и навечер, а особено во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне нашата територија ќе биде зафатена од нов ПОИЗРАЗЕН влажен бран од запад и северозапад.
Овој влажен бран ќе услови врнежи од дожд, најпрвин во западните и северозападните предели, во текот на ноќта кон петок ќе се прошират во поголем дел од државава а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, додека постабилно време ќе имаме за време на викендот.
Максималните дневни температури на воздухот се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, додека пад на истите се очекува кон крајот на овој викенд и на почетокот од следната недела, тогаш под влијание на постуден воздух од север не очекува постудено време.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]