УВ ИНДЕКС 11 И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 42 СТЕПЕНИ – ПЕКОЛНИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА И ВО СЕДМИЦАТА КОЈА ШТО НИ ПРЕТСТОИ
Пеколниот бран проследен со ЕКСТРЕМНО висок УВ ИНДЕКС продолжува и во неделата која што ни претстои.
Нашата територија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од јужните географски широчини (северните предели на Африка). Времето и во следните денови ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Од среда во попладневните часови ќе има услови за локална и краткотрајна нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен и западен, а во останатите предели од северен и од североисточен правец. Од среда ветерот ќе го промени својот правец во западен речиси насекаде и повремено ќе биде засилен по интензитет.
Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени, додека во најтоплите предели, особено во средината на седмицата температурите се очекува да се искачат до околу 42 степени.
УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има коефициент некаде од 10 до 11, што значи дека ќе биде ЕКСТРЕМНО ВИСОК. Токму поради ова старите и изнемоштени лица во најтоплиот дел од денот да не се движат на отворено (поточно под директно влијание на сонцето), додека помладите доколку излегуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да понесат капа и наочари за сонце, како и шишенце со ладна вода со цел да се заштитат од ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури и ЕКСТРЕМНО високиот УВ ИНДЕКС.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]