Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, за време на викендот како и во почетокот од следната недела, времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Утре повторно ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Повремено ќе има услови за локална и попладневна нестабилност.
Температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени.
И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Утре повторно ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 33 и 36 степени. Попладнето и вечерта ќе има услови за локална нестабилност.
УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki