ТОПОЛ НОЕМВРИСКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – ТЕМПЕРАТУРИТЕ СЕ ПОВИСОКИ ОД ПРОСЕЧНИТЕ ДУРИ ЗА 10 СТЕПЕНИ!

објавено на:

06 Ное 2021

од:

сподели:

Продолжува невообичаеното топло време за овој период од годината, температурите се повисоки од просечните дури за 10 степени.

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во западните предели ќе има услови за сосема слаб и локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 21 степен.

Потоа до понеделник времето ќе биде стабилно и суво, односно променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени. Позитивни ќе бидат и минималните утрински температури, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 14 степени.

Од понеделник навечер, па натаму ќе има услови за повремено локален дожд, додека температурите од вторник ќе бележат тенденција на постепено опаѓање, и тоа поради продор на постуден воздух од север.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki







Занимливости