ТОПЛОТЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОВИЕ ДЕНОВИ ЌЕ СЕ ИСКАЧАТ НАД 40 СТЕПЕНИ

објавено на:

22 Јун 2021

од:

сподели:

Од денес па во текот на следните денови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на многу топла воздушна маса која продира од југ. Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Само локално во попладневните часови има услови за ретка појава на нестабилност проследена со краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Денес температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени, додека во текот на следните денови ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот дури од 34 до 42 степени.

Во Скопје и околината денес, како и во текот на следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува. Денес максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени, додека во текот на следните денови истата се очекува да се искачи до околу 39 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 10 и 11.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука







Занимливости

  • 24 Мар 2025

    Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]