Нашата територија брзо подпаѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од северните предели на Африка и истата во текот на следните денови ќе услови брз пораст на температурите на воздухот.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, додека УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА – ДО ЕКСТРЕМНА ВРЕДНОСТ и ќе изнесува коефициент измеѓу 9 и 11 па затоа ве советуваме да бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
Во следните денови поради ЕКСТРЕМНИОТ УВ ИНДЕКС добро би било да се носи заштитна опрема (капа и наочари за сонце).
Од среда попладне се очекува локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука