ТЕМПЕРАТУРИ И НАД 35°C – Од утре па во следните денови ТОПЛОТЕН БРАН од Африка ќе ја зафати Македонија!

Од утре па натаму, како што и претходно најавивме, поради продор на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од северните предели на Африка, температурите ќе бележат тенденција на брз и ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ. Особено ТОПЛО ќе биде за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во недела, како и во првите денови од следната недела во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

НАПОМЕНА: За време на викендот во најтоплите предели од државава температурите има услови да се искачат дури и над 35 степени.

Во Скопскиот регион времето во следните неколку денови ќе биде стабилно, суво и сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Помали услови за појава на локална нестабилност ќе има во недела, како и во првите денови од следната недела. Температурите ќе бележат тенденција на брз и ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ, и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 32 степени.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki