ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ БИДАТ ВО ПОСТЕПЕНО ОПАЃАЊЕ – МОЖНО Е ЛОКАЛНО ПОПЛАДНЕВНО И ВЕЧЕРНО НЕВРЕМЕ!
Во следниот период температурите ќе бележат тенденција на постепено опаѓање. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Во попадневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
Температурите во следните денови ќе бележат тенденција на постепено опаѓање и од среда па натаму истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.
Ув – индексот ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент 8.
И во Скоспкиот регион во следниот период ќе има услови за попладневна локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]