Поларниот бран во Македонија пристигна уште во текот на вечерните часови од вчерашниот ден кога поголем дел од државава беше зафатен од снежни врнежи кој беа поинтензивни во западните и во југозападните предели. Најголема снежна покривка има во Битола и тоа околу 30 сантиметри. Најниска температура во текот на денешното изминато утро исто така е регистрирана во Битола, и тоа -13°C.
Во текот на следните часови облачноста ќе се зголемува и во јужните предели, особено во текот на ноќта и утре ќе има послаби врнежи од снег. За време на викенот кој е пред нас ќе дува умерен, Долж Повардарието засилен северен ветер.
Ќе биде МНОГУ ПОСТУДЕНО и тоа поради понатамошното спуштање на поларната воздушна маса од Сибир, па така за време на викендов како и на почетокот од следната недела понекаде температурите на воздухот ќе се спуштат дури до околу -20 степени, особено на повисоките и планинските места. Максималните температури пак ќе се искачуваат во интервалот од -9 до 4 степени во крајните југоисточни предели од државава, што значи дека и преку ден во најголем дел од Македонија истите ќе се задржат многу ниски и под нулата.
НАПОМЕНА: Поради многу ниските температури на воздухот, понатаму ќе има појава на голомразица па така и возачите да бидат крајно внимателни. Исто така внимателни да бидат и пешаците каде и како се движат. Исто така да напоменеме дека на планините со голема надморска височина температурите има услови да се спуштат и до околу -25 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука