Сушата во некое делови од државава веќе е ублажена – во последните 24 часа наврнаа 22 л/м2 воден талог
Сушата која ја има зафатено нашата држава уште од изминатата зима, конечно во некои предели од државава веќе е ублажена и тоа благодарение на последната нестабилност и последните врнежи од дожд. Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се забележаа во источните и во делови од југоисточните предели на државава, па така најмногу дожд има наврнато во Берово, и тоа 22 л/м2, потоа Гевгелија 12 л/м2. Штип 8 л/м2, Ѓуриште 7 л/м2, Демир Капија 6 л/м, Струмица и во Крива Паланка 5 л/м3 додека на другите места количеството на воден талог беше помало од 5 литри.
До крајот на денов сеуште локално ќе биде нестабилно со порооен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Утре попладне исто така ќе има локален краткотраен дожд, грмежи и засилување на ветерот додека најстабилен ден ќе биде петок, кога и атмосферата ќе биде нешто посмирена и постабилна. Тогаш услови за локален краткотраен дожд ќе има само во североисточните и источните предели на државава.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]