СТУДЕНИОТ БРАН ВЛИЈАЕ НА ВРЕМЕТО КАЈ НАС: РЕЧИСИ НАСЕКАДЕ ИЗМЕРЕНИ МИНУСНИ МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

Студениот бран кој се спушти од Арктикот и ја зафати нашата територија денес наутро услови речиси насекаде да имаме негативни минимални температури, па така најстудено ова утро беше во Берово каде температурата на воздухот се спушти на -7 степени, потова во Битола се измерени -5 степени, Скопје – Петровец -4, во Штип се измерени -3 степени, -2 во Гевгелија, -1 во Скопје Зајчев Рид и најтопло ова утро беше во Охрид каде температурата на воздухот остана над нулата, односно се измерени 2 степени.

Освен Македонија, од студениот Арктички бран е зафатен целиот Балкански Полуостров, во делови од Балканот како и од Македонија изминатиов викенд провеа и првиот снег на помала надморска височина.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука