СТАБИЛНО ДО НЕДЕЛА – ОД ПОНЕДЕЛНИК НОВ ЦИКЛОН И СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР
Денес времето во државава ќе биде сончево и невообичаено топло за овој дел од годината со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, додека по одделни котлини ќе има појава на магла, особено во претпладневните и повторно во вечерните и во ноќните часови. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде магливо и тоа особено во претпладневните и повторно во ноќните часови. Ќе дува слаб ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.
Потоа до недела ќе се задржи стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност и натпросечно топло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните и повторно во ноќните часови. Од понеделник следува промена на временската состојба проследена со зголемување на облачноста, засилен јужен ветер, повремени врнежи од дожд и услови за локална нестабилност проследена со грмежи.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]