Спречени големи штети поради локално НЕВРЕМЕ попладнево

Почитувани: Имаме информации од земјоделците дека реагирале од УХМР со авионско засејување на облаците и спречени се големи штети во текот на ова попладне.

Инаку попладнево нашата територија се наоѓаше под влијание на влажна  и нестабилна воздушна маса која на повеќе места услови, порооен дожд, грмежи и засилен ветер.  Особено нестабилно беше во централните, јужните  и во североисточните предели од државава. А во моментов локална нестабилност има и во западните и северозападните предели. Локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува  и вечерва, не се исклучува можноста и за локална појава на град.

Доста нестабилната атмосфера ќе се задржи и утре, кога на повеќе места поврно ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално не се исклучува можноста и за појава на НЕВРЕМЕ со град.

 

Следеѕе го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука