СПРЕМЕТЕ СЕ: ПРЕД НАС НАЈСТУДЕНАТА НОЌ ДОСЕГА ОВАА ЗИМА – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ДЛАБОКО ПОД НУЛАТА
Максимумот на поларниот бран кај нас доаѓа во текот на претстојната ноќ и ќе трае се до вторник, додека од среда се очекува постепен пораст на температурите на воздухот, што значи очекуваме омекнување на времето и повлекување на поларниот бран.
Претстојната ноќ кај нас ќе биде најстудената досега оваа зима кога температурите на воздухот ќе паднат длабоко под нулата а облачноста насекаде ќе се намали. До утре изутрина вредноста на температурите ќе се спушти во интервалот од -15 до -4 степени, додека понекаде, особено на повисоките и планинските места истите ќе се спуштат и до околу -20 степени. Понатаму времето ќе биде сончево, повремено со умерена локална облачност.
Ќе дува и слаб до умерен, до крајот на денов повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе направи температурите на воздухот да се чувствуваат како да се пониски од реално измерените. Максималните температури пак до вторник во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата и ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 4 степени во најтоплите предели, додека од среда како што веќе кажавме следува постепен пораст на истите.
За време на овој поларен бран, во Скопје темперратурите на воздухот наутро се очекува да се спуштат до околу -8 степени, додека максималната температура ќе се искачи до околу 0 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]