СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА СТУДЕНИЛО, ОСОБЕНО НАУТРО И ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА
До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денов и во вечерните часови, Долж Повардарието ќе започне да дува засилен северен ветер, со што од север ќе започне да се спушта постудена воздушна маса. Температурите на воздухот денес ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени. Исто така попладнево и вечерва, особено на запад и на север ќе има услови за локални послаби врнежи од дожд.
Потоа од утре ќе имаме нешто пониски температури, а утре исто така ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието и во источните предели. Температурите ќе бележат тенденција на пад и тоа поради влијанието на постудената воздушна маса од север, и од утре па натаму максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.
Во текот на следната седмица, наутро ќе биде значително постудено, кога минималните температури понекаде ќе се спуштаат и под нулата, односно истите понекаде ќе се спуштаат и до околу -2, -3 степени. Времето пак ќе биде стабилно, суво и сончево со умерена, повремено и локално и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Полека од север кон нашата Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. На картата можете да ги погледнете измерените температури во овие рани утрински часови низ нашата Република Македонија.