СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА НАЈТОПЛИТЕ ДЕНОВИ ДОСЕГА ОВА ЛЕТО – ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ТУКА

Македонија и понатаму останува под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса, која продира од југ, односно од северните предели на Африка.

Најтоплите денови ќе бидат утрешниот ден, како и петок кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во југоисточните предели, истите има услови да се искачат дури и над 40 степени, односно до околу 41, 42 степени. Во Скопје и околината максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 39 степени.

Времето и утре ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во петок доцна попладне и навечер, особено во северните предели ќе има услови за локална нестабилност.

Локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град ќе има и во сабота, додека од недела атмосферата ќе биде постабилна, иако не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови.

Во сабота максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени. Во недела ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој ќе услови пад на температурите на воздухот за 3 до 5 степени во однос на сабота. Максималните дневни температури во недела ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. Што се однесува пак до УВ ИНДЕКСОТ, истиот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНА вредност и ќе има коефициент 9.

НАПОМЕНА: пОРАДИ екстремно високите ТЕМПЕРАТУРИ НА ВОЗДУХОТ, да се избегнува директен претстој на сонце и да се пијат повеќе течности.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука