Во следните денови и тоа под влијание на претежно стабилна и сува воздушна маса, времето во Македонија ќе бде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, поремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Исклучок ќе биде вторник, кога во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.
Позначителен пораст на температурите ќе има веднаш по 15 јули, односно од следниот викенд кога ќе бидеме под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка и температурите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и до 40 степени.
Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно и суво време, со многу повеќе сонце. Сепак и во следните денови ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 30 степени, додека значително потопло ќе биде од следниот викенд, поточно веднаш по 15 јули кога температурата и во Скопскиот регион ќе надминува 35 степени.
НАПОМЕНА: Со надоаѓањето на МНОГУ ТОПЛИОТ бран од Африка и Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНИ ВРЕДНОСТИ.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki