СПОРЕД ПОСЛЕДНИТЕ МЕТЕО АНАЛИЗИ: НЕДОСТАТОК НА ВРНЕЖИ И НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО И ВО НОЕМВРИ!

Според последните анализи кој ги подготвивме со помош на најпрецизните нумерички модели, големо заладување и нешто повеќе врнежи не се очекува ниту во ноември месец. Така е барем според сегашните анализи, а промени во прогнозата секако дека се можни.

Месец ноември ќе помине во знакот на натпросечно и сушно време. Не се очекуваат некои многу интензивни врнежи кој би довеле до крај на сушата која е настаната во Македонија. Температурите ќе бидат натпросечно високи, што значи дека ќе бидеме под влијание на јужно и релативно ТОПЛО воздушно струење.

Секако и покрај ова очекуваме повремени разладувања на времето, но и тоа не би било нешто посебно и значително. Не барем според моменталните анализи. Ако вака останат работите на нумеричките модели, пролетните температури продолжуваат и во месец ноември а за зима ќе почекаме во декември.

Освен ние, натпросечно топло време ќе има целиот наш регион но и целиот Европски Континент.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за долгорочно анализирање на времето, промени во прогнозата и тоа како се можни. Затоа добро би било граѓаните да ги следат нашите секојдневни анализи на времето, со цел да бидат навремено информирани за евентуално пристигнување на зимските температури но и на првиот снег на пониските места.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki