СОСТОЈБАТА СО ПОЖАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Е СЕРИОЗНА – ВО ИСТО ВРЕМЕ ОД АФРИКА ДОАЃА НОВ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН

објавено на:

06 Авг 2021

од:

сподели:

Во текот на изминатата ноќ во Македонија имаше појава на локална нестабилност, како што беше и очекувано и во Лазарополе наврнаа 5 л/м2 воден талог, додека во Дебар 3 л/м2.

Од денес па во следните денови, следува повторно период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност.  Денес ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер претежно од северозападен правец.

Максималните температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени, што значи ќе бидат пониски од вчерашните за 4 до 5 степени.

  • Од утре па натаму, нашата територија повторно ќе подпаѓа под влијание на ЕКСТРЕМНО ТОПЛА воздушна маса од југ (северните предели на Африка), па така и температурите ќе бидат во пораст и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 40 степени.
  • Долж Повардарието и во југоисточните предели повремено температурите ќе се искачуваат и до околу 42 степени.

УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 8 и 9).

НАПОМЕНА: Поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури кој повторно ќе ја зафатат нашата држава во следниот период, расте опасноста од појава на нови пожари низ Македонија, што значи граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ доколку се движат во природа.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki







Занимливости