СОНЧЕВОТО И СТАБИЛНО ВРЕМЕ ПРОДОЛЖУВА- ЌЕ БИДЕ И НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ МЕТЕО ДЕТАЛИ

објавено на:

26 Окт 2022

од:

сподели:

Нашата територија и понатаму во следните седум до десет денови ќе се наоѓа под влијание на стабилна и сува воздушна маса. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец.

Денес ќе биде НАЈТОПЛО со НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ температури на воздухот за овој период од година кој ќе се искачуваат во интервалот дури од 24 до 29 степени.

Од утре пак температурите ќе бележат тенденција на постепено опаѓање и до сабота истите ќе опаднат за околу 5 степени во споредба со денешните и тогаш максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 24 степени. Наутро пак температурите понекаде и тоа особено во Малешевијата ќе се спуштаат до околу 0 степени, што значи дека ќе биде постудено во утринските часови.

Во Скопје продолжува стабилното и претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец а температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 20 и 23 степени.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.