СНЕЖНИОТ БРАН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – СЛЕДУВААТ ИНТЕНЗИВНИ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ И ФОРМИРАЊЕ НА СНЕЖНА ПОКРИВКА НАСЕКАДЕ

Снежниот бран кој е поврзан со циклонската активност со потекло од Медитеранот и поларниот воздух кој се спушта од Арктикот полека ја зафаќа територијата на нашата држава. Врнежи од снег веќе има во југозападните и западните предели, додека во текот на денов врнежите ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат. До крајот на денот и во текот на ноќта насекаде ќе се формира снежна покривка, најголема во западните, југозападните и во јужните предели каде понекаде таа ќе иснесува и над 30 сантиметри. На планините истата значително ќе се зголеми.

Снег и формирање на снежна покривка за време на овој викенд се очекува и во Скопје и околината.

Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец што ќе услови појава на снежни наноси. Врнежите од снег ќе продолжат и утре и поинтензивни ќе бидат особено претпладне, додека попладне ќе бидат со послаб интензитет. Снежната покривка ќе продолжи да се зголемува и во текот на утрешниот ден а ќе биде и МНОГУ СТУДЕНО со минимални температури кој понекаде ќе се спуштаат и до околу -15 степени.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -9 до 1 степен, што значи дека температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.

Во првите денови од следната недела ќе биде особено студено кога минималните температури понекаде ќе се спуштаат и близу -20 степени. Максималните дневни на повеќе места ќе останат под нулата а времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука