СНЕЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ – СПРЕМЕТЕ СЕ И ЗА ТЕМПЕРАТУРИ ДО -20°C

Врнежите кој што ја зафатија нашата држава полека ќе се преместуваат кон исток и вечерва и во текот на ноќта ќе престануваат. Ќе започне да дува засилен, повремено и тоа особено Долж Повардарието СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец и истиот ќе услови НАГЛО и ГОЛЕМО заладување на времето кое е поврзано со спуштањето на ПОЛАРНАТА воздушна маса со потекло од Арктикот. До утре изутрина температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени.

Утре ќе има преодна и краткотрајна стабилизација на времето, додека за време на викендот нашата територија ќе биде зафатена од СНЕЖЕН БРАН кој насекаде ќе услови врнежи од снег и формирање на снежна покривка. Поинтензивни врнежи ќе има во западните и во југозападните предели каде на пониските места понекаде ќе се формира снежна покривка од над 30 сантиметри, на планините истата значително ќе се зголеми. Врнежи од снег за време на викендот ќе има и во Скопје и околината каде се очекува да се формира снежна покривка (локално од над 10 сантиметри), што значи помала за разлика од онаа во западните и во југозападните предели.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец и истиот има услови да создаде појава на снежни наноси. Минималните температури за време на овој викенд ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -5 степени, на планинските места истите ќе се спуштаат и под -15 степени, додека максималните дневни ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината, односно ќе биде невообичаено студено со дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од -9 до 2 степени во крајните југоисточни предели.

Уште постудено ќе биде во текот на следната недела кога наутро температурите понекаде ќе се спуштаат и до околу -20 степени, на планинските места и под -20 степени. Максималните дневни температури исто така ќе бидат многу ниски и ќе се искачуваат во интервалот од -9 до 1 степен. Ветерот од северен и од североисточен правец ќе продолжи и во првите денови од следната недела и ќе биде со умерен, повремено и со засилен интензитет со што температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се пониски од реално измерените.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука