Како што веќе најавивме за време на овој викенд, како и на почетокот од следната недела нашата територија ќе биде зафатена од ИЗРАЗЕН влажен бран од Медитеранот. Токму ова ќе условува облачно и врнежливо време. На некои од пониските места ќе има врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе паѓа снег. На планините ќе дојде до ЗНАЧИТЕЛНО зголемување на снежната покривка (за над 30 до 40 сантиметри, локално и повеќе).
На повеќе места врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (локално над 35 л/м2). Снежна покривка ќе се формира и на повисоките места, додека поради повремениот пад на температурите врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места, особено на запад и на север. Така услови за формирање на снежна покривка ќе има и на некои пониски места, особено на запад и север.
Најпрвин ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и од југоисточен правец, додека од понеделник ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени. На повисоките и планинските места ќе биде значително постудено.
Во Скопје и околината исто така ќе има нови врнежи од дожд, додека повремено услови за врнежи од дожд и снег ќе има и во Скопската котлина. На околните планини и повисоки места ќе врне снег и ќе се формира нова снежна покривка. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 7 степени, додека минималните ќе се спуштаат до околу 0 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука